• четврток, 26 декември 2024

Рикардо: Верстапен ќе губи почесто ако ризикот му е единствената стратегија

Рикардо: Верстапен ќе губи почесто ако ризикот му е единствената стратегија
Лондон, 20 септември 2021 (МИА) - Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо ги коментираше постапките на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, на Големата награда на Италија. Холанѓанецот не ја провери состојбата на Луис Хамилтон од Мерцедес откако удри во неговиот автомобил. - Го знам Макс. Бевме партнери неколку години, и тој е таков борец, дава максимум на патеката. Мислам дека тој сè уште беше малку разочаран по Силверстоун и тоа придонесе да не биде потолерантен па настана судирот со Хамилтон. Но, ако се случи несреќа и непријателот е повреден, 100 проценти од пилотите ќе се обидат да помогнат. Ако знаеме дека се случило нешто сериозно, тогаш нема да го свртиме грбот, рече Австралиецот. Рикардо објасни како ризичниот стил на Верстапен ќе влијае на борбата за титулата. - Нема многу такви пилоти. Мислам дека е добар пристап да се биде многу амбициозен и некогаш да се ризикува. Од друга страна, Макс и Луис се борат за шампионската титула, и ако ова е единствената стратегија, тогаш поголема е веројатноста да бидете губитник отколку обратно. Мислам дека треба да го избереме вистинскиот момент. Нема да кажам дека е неопходно да се минимизираат загубите, во смисла дека не мислам дека инцидентот во Италија е глупав или нешто слично. Макс само ја виде шансата, која можеби не беше реална, и се обиде да ја искористи, потенцира Рикардо. Токму Рикардо го искористи инцидентот на двајцата лидери во Формула 1 шампионатот и на крајот прв мина низ целта во Монца. зс/

Остани поврзан