• понеделник, 29 јули 2024

Риверс за ситуацијата со Симонс: Оставив сè во минатото

Риверс за ситуацијата со Симонс: Оставив сè во минатото
Филаделфија, 5 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Филаделфија, Док Риверс, не сака да се потсетува на ситуацијата со Бен Симонс, бидејќи сега е играч на друг тим. - Јас не го следам Бен Симонс, ги следам нашите играчи. Видете, сакам да се справи добро, но тој повеќе не е играч на 66-те, па оставив се во минатото, изјави Риверс. Минатиот август, Симонс, и покрај тоа што имаше уште четири години од договорот со Филаделфија, одлучи дека повеќе не сака да биде член на тимот и побара трампа. Во февруари, Сиксерс го испратија Симонс во Бруклин во трејдот во кој учествуваше Џејмс Харден. зс/

Остани поврзан