Рибери по завршувањето на кариерата ќе добие работа во Баерн
- Триесет и осумгодишниот играч за врска Франк Рибери не планира да се пензионира. Тој е пред потпис со италијанскиот клуб Салернитана.
Париз, 6 септември 2021 (МИА) – Триесет и осумгодишниот играч за врска Франк Рибери не планира да се пензионира. Тој е пред потпис со италијанскиот клуб Салернитана.
Во меѓувреме, „L'Equipe“ пренесува дека Баерн веќе му ветил на Рибери работа во клубот, откако играчот од средниот ред ќе ги „закачи“ копачките.
Осумкратниот германски шампион и освојувач на УЕФА Лига на шампиони со Баерн Минхен, Франк Рибери ги помина последните две сезони во Фиорентина, Италија.
На крајот на минатата сезона, Рибери стана слободен агент. зс/