• среда, 25 декември 2024

РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години

РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години

Белград, 11 јули 2024 (МИА) - Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години, притоа просечна возраст на жените изнесува 45,3 и на мажите 42,5, години, покажуваат денеска објавените податоци на Републичкиот завод за статистика, јави дописникот на МИА од Белград.

Најголем број жители, 63,3 отсто, се граѓаните на возраст од 15 до 64 години, потоа следат граѓаните на возраст од 65 години и постари (22,3 отсто), а најмалку ги има најмладите до 14 години (14,4 проценти).

Минатата година во Србија починале повеќе лица отколку што биле родени или имало 61.052 живородени, а 97.081 умрени.

Просечната возраст на починатите е 72,6 години за мажи и 77,8 за жени.

Кога станува збор за раѓањето деца во Србија, просечната возраст на мајката при раѓањето на првото дете во 2023 година била 29 години.

Минатата година, во повеќе од две третини од случаите, живородените деца се родени во брачна заедница  или 70 проценти.

Бројот на живородени деца од мајки помлади од 25 години е намален од 2003 година од 29.637 на 11.382 деца, што е пад од 61,6 отсто.

Од друга страна, во Србија има зголемување на бројот на живородени деца кај мајки на возраст над 40 години, што изнесува 74,9 отсто, во споредба со 2003 година кога имало 1.679 деца, годинава има 2.937 деца.

Најчести имиња на женските деца родени во 2023 година се: Софија, Дуња, Мила, Теодора и Маша, додека најчести имиња на машките деца се Лука, Василије, Лазар, Богдан и Вук. об/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан