• недела, 24 ноември 2024

Реџепи: Ќе гласам за разрешувањето на Беким Сали, но не и за другите министри

Реџепи: Ќе гласам за разрешувањето на Беким Сали, но не и за другите министри

 Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието.

Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник,  во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја.

-Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи.

Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ.ар/лв/

Остани поврзан