• четврток, 26 декември 2024

Реџепи: Јас сум добар, на сигурно место и на вистинската страна

Реџепи: Јас сум добар, на сигурно место и на вистинската страна
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи се огласи со видео порака до јавноста преку својот Фејсбук профил. Тој на почетокот се заблагодарува за поддршката и вели оти сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите. - Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија, вели Реџепи во пораката на Фејсбук. Тој нагласува дека е со ЕУ и НАТО и не е со антиалбански кругови. - Ова ви го велам со чиста совест и штом ќе поминат некои опасности од закани од страна на одредени индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и се ќе објаснам. Секогаш ќе се залагам за слобода на изразувањето, за слободниот став на носење одлуки, што е доблест на демокраското општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија, додава Реџепи во објавата. бш/нд/

Остани поврзан