• четврток, 26 декември 2024

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) – Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема вредност од тоа да избереш својата земја да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, на патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот, кој е спротивен на стратешките насоки, изјави денеска претеникот Кастриот Реџепи. Реџепи, на прес-конференција со Собранието, им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди заедно со своите стратешки сојузници. - За да нема било какви сомнежи, јас Кастриот Реџепи, сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја Република Северна Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето на доверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде по правец кој е спротивен на моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока, која ни ја задале граѓаните, изјави Реџепи. Не е лесно, нагласи Реџепи, да имаш суштински разлики во ставовите со своите сопартијци. - Но, кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторлива шанса да ја започне својата нова европска приказна, тогаш и срцето и умот велат „да, Кастриот, некогаш некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, овојпат тоа си ти“, изјави Реџепи. Тој изрази надеж дека во деновите пред нас разумот ќе надладее и ќе се работи на решавање на проблемите на народот. - Верувам дека се можни мостови меѓу нас, различните од демократскиот блок и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на решавање на проблемите на нашио народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ. Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство и брза реконструкција на владата и многу, многу работа, изјави Реџепи. аа/са/

Остани поврзан