• четврток, 26 декември 2024

Реџепи-Зејд: Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица

Реџепи-Зејд: Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парламентарно мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса. Тој во изјава за Тв Алсат појасни дека се залага за уривање власта, но е дециден дека тоа нема да го стори по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица. - Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот за да и служиме на антиалбанска кауза, рече Скендер Реџепи-Зејд.фф/

Остани поврзан