• четврток, 26 декември 2024

Реџепи-Зејд: Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата

Реџепи-Зејд: Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Во координација со ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваме нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи. Тој оценува дека е политичка, а не правна вчерашната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ако се повлече сега барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба – Џафери може да дава политички изјави, но таа не е правно издржана. Неговата изјава правнички ќе се толкува. Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи, изјави Реџепи за „Слободен печат“. Претседателот на Собранието Џафери вчера во гостување на ТВ21 изјави дека веќе е закажаната седница за доверба на Владата и дека ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Владата, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба.фф/ац/

Остани поврзан