• четврток, 26 декември 2024

Реј: Нападот на Хамас врз Израел ќе ја предизвика најголемата терористичка закана за САД од подемот на ИД

Реј: Нападот на Хамас врз Израел ќе ја предизвика најголемата терористичка закана за САД од подемот на ИД

Вашингтон, 31 октомври 2023 (МИА) - Нападот на Хамас врз Израел ќе ја предизвика најголемата терористичка закана за САД од подемот на Исламската држава пред речиси една деценија, изјави директорот на ФБИ Кристофер Реј на денешното сослушување во американскиот Конгрес.

Реј кажа дека од ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт во Газа, по нападот на Хамас на 7 октомври, повеќе странски терористички организации повикаа на напади против САД и Западот, што значително ја зголеми заканата од домашните американски насилни екстремисти .

Британските медиуми пренесуваат дека Реј зборувал на сослушувањето пред Комитетот за внатрешна безбедност и владини прашања на американскиот Сенат.

За време на сослушувањето, американскиот секретар за домашна безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека омразата насочена кон еврејските студенти во САД во последните недели придонесе за порастот на антисемитизмот. сд/

Остани поврзан