• недела, 01 септември 2024

Рејнолдс потпиша за Рома, Кедира од Јувентус во Херта

Рејнолдс потпиша за Рома, Кедира од Јувентус во Херта
Рим, 1 февруари 2021 (МИА) – Досегашниот дефанзивец на американскиот фудбалски прволигаш Далас, Брајан Рејнолдс, ќе ја продолжи кариерата во Рома, додека германскиот играч за врска Сами Кедира од Јувентус се пресели во берлинска Херта. Дејвис (19) е отстапен на Рома до крајот на сезоната за 100.000 евра, а италијанскиот прволигаш се обврза на крајот од првенството да го откупи неговиот договор за 6.75 милиони евра. За младиот Американец заинтересиран беше и Јувентус, чиј редови денеска ги напушти Кедира и премина во бундеслигашот Херта. Кедира дојде во Јувентус една сезона откако со Германија стана светски првак во 2014 година. -Физички се чувствувам многу добро и сакам да и помогнам на Херта, изјави Кедира, кој пет години од својата кариера мина и во редовите на Реал Мадрид. ег/сд/

Остани поврзан