• недела, 17 ноември 2024

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Владата на денешната 10. седница одлучи решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација да се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок. Притоа, нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.  - Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19, информираа од владината прес-служба.Оттаму додадоа дека за овој начин на доставување на решенијата, граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните.- Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација, посочија од прес-службата на Влада. см/бак/

Остани поврзан