• четврток, 26 декември 2024

Речиси 5.000 мигранти загинале на пат кон Канарските острови за пет месеци

Речиси 5.000 мигранти загинале на пат кон Канарските острови за пет месеци

Мадрид, 13 јуни 2024 (МИА) - Речиси 5.000 мигранти загинаа во првите пет месеци од 2024 година, обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови во Шпанија, се вели во извештајот објавен денеска од групата за заштита на мигрантите „Walking Borders“.

Помеѓу 1 јануари и 31 мај, 4.808 луѓе загинаа на патувањето кон Канарските Острови по Атлантикот откако ги напуштиле Мароко, Мавританија, Сенегал и Гамбија, што ја прави рутата најсмртоносна од Африка до Шпанија.

Групата наведува дека стапката на смртност на мигрантите на таа атлантска рута е 95 проценти. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан