• четврток, 26 декември 2024

Речиси 140 угинати фоки пронајдени долж брегот на Мексико

Речиси 140 угинати фоки пронајдени долж брегот на Мексико
Лос Анџелес, 14 септември 2020 (МИА) - Властите во Мексико забележаа вкупно 137 угинати фоки на плажи на пацифичкиот брег на полуостровот Долна Калифорнија. Мексиканската Канцеларија за заштита на животната средина синоќа објави дека на телата на калифорниски морски лавови, нема траги од повреди од рибарски мрежи или можни судири со чамци, кои се најчести причини за смрт или повреди на овие морски животни. Во соопштението се наведува и дека тие биле пронајдени на крајбрежјето во должина од 130 километри во областа Комонду, во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија. Земени се примероци од ткиво од некои тела за натамошна анализа за да се утврдат причините за смртта на фоките. Калифорниските морски лавови се заштитен вид во Мексико, но не се во опасност од истребување. си/

Остани поврзан