• среда, 25 декември 2024

Речиси шест од десет кандидати за европратеници во Грција се мажи

Речиси шест од десет кандидати за европратеници во Грција се мажи

Атина, 5 јуни 2024 (МИА) – Мажи, на возраст од околу 50 години, адвокати, академци, лекари и новинари, се доминантните карактеристики на кандидатите за европратеници во Грција, според анализата на грчкиот Центар за либерални студии (КЕФИМ), јави дописничката на МИА од Атина.

Центарот ги анализира биографиите на оние кои се вклучени на гласачките ливчиња на сите партии, а главните заклучоци се дека речиси шест од десет, односно 58 отсто се мажи, 42 проценти жени, а просечната возраст на мажите е 53 години, на жените 50 години,

Од кандидатите, 36 отсто имаат високо образование, 22 проценти постдипломски студии и 19 отсто имаат докторати, а најзастапени професии се адвокати, академици, доктори, новинари и уметници

Во однос на анализата по партии, најголем број жени-кандидатки имаат СИРИЗА и Нова левица, а најмалку Нова демократија, ПАСОК, Грчко решение и Победа.

Нова левица има најголем процент на кандидати со докторат (38 отсто), ПАСОК има најголем процент на кандидати со диплома и магистерска диплома (38 отсто), а Комунистичката партија има најголем процент на кандидати со диплома (62 отсто).

Грција одбира вкупно 21 европратеник, а на изборите учествува 31 партија со над 1.100 кандидати. ср/

Остани поврзан