• вторник, 24 декември 2024

Речиси половина Киев нема вода

Речиси половина Киев нема вода
Киев, 31 октомври 2022 (МИА) - Четириесет отсто од жителите на Киев останаа без вода, соопшти вечерва градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко. - Од овој час без струја се 270.000 станови во главниот град, а без вода 40 отсто од потрошувачите, рече Кличко. Руското Министерство за одбрана претходно денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови. јт/  

Остани поврзан