• четврток, 19 декември 2024

Рецитал на хармоникашот Филип Петрески

Рецитал на хармоникашот Филип Петрески
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Во Камерната сала на Филхармонија вечерва рецитал ќе одржи еден од најистакнатите млади македонски хармоникаши Филип Петрески. На програмата се дела од Золотарјов, Албениц, Семјонов, Дога, Зубицки и Пјацола. Покрај Филип Петрески, на рециталот ќе настапат и Христијана Матеска и Виктор Кулески на хармоника, Александра Чуруковска на контрабас, Марија Ѓошевска и Маријана Николовска на пијано, Марија Трајковска на виолина,  и Александар  Поп-Христов на гитара. Филип Петрески (1998) е роден во Прилеп. Основното музичко образование го завршил во ООМУ „Ордан Михајловски - Оцка“ во родниот град, средното во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје во класата по хармоника на проф. м-р Зорица Каракутовска, во чија класа дипломирал на Факултетот за Музичка Уметност Скопје при УКИМ со највисока оцена „cum laude“. Во текот на неговото образование Петрески се закитил со голем број награди на разни државни и интернационални натпревари, додека во меѓувреме редовно учествувал и на бројни концерти и фестивали во земјава и во странство. Како солист гостин и член во разни камерни состави учествувал на повеќе манифестации меѓу кои и меѓународниот проект "WORLD ACCORDION DAY" (6-ти мај Светски ден на хармониката), концерти организирани од Музичка младина на Македонија, Фестивалот "Златна Лира", Musica Viva, Фестивал на млади хармоникаши, Вечер со звуците на хармониката, Филхармонија за филхармонија и други. Во 2015 годона Петрески го освои петото место на еден од најпрестижните натпревари за хармоника „Castelfidardo“ во Италија, додека истата година го промовира македонското творештво на Светскиот куп за хармоника „Coupe Mondiale“ кој се одржал во финскиот град Турку со изведба на делото "Dej-gi-di" од композиторката Бете Илин. Во 2021 година се закити со златен медал во 12-иот Интернационален нантпревар за хармоника „ITALY AWARD“, додека континуирано на македонската музичка сцена го одржаше својот прв рецитал под називот „Вечер со звуците на хармониката“ во Охрид, а со полурецитал настапил и на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ на подиумот за млади. Петрески е член на „Танго-Трио“ со кои редовно настапува на различни фестивали и манифестации на државно и интернационално ниво. вг/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан