• четврток, 26 декември 2024

Трет самит на Европската политичка заедница во Гранада, позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Трет самит на Европската политичка заедница во Гранада, позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Гранада, 6 октомври 2023 (МИА) – По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Шпанија силно стои зад Северна Македонија за членство во ЕУ. Треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ. Ова се пораките од третиот состанок на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде учество зема и премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина. 

Ковачевски од Гранада порача дека по многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија и дека ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа. Тој, посочи дека Северна Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки.

Треба да знаеме дека во текот на нашиот евроинтеграциски пат имаме преземено и ние обврски, има преземено и ЕУ обврски и тоа се обврски коишто ќе треба да ги исполниме. Се друго е залажување

- Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски.

Северна Македонија, посочи Ковачевски, според мене, меѓутоа и според сите оценки е земја лидер на Западен Балкан во делот на пристапувањето во ЕУ.

- Иако ги погледнете перформансите на нашите усогласувања досега ние веќе имаме над 45 проценти усогласеност на нашите законодавства со законодавството на ЕУ. Најголемиот дел од нашите институции се веќе усогласени со начинот на организација и функционриање на институциите на ЕУ и секако дека Северна Македонија е дел од земјите коишто ќе бидат вклучени во делот на проширувањето на ЕУ, изјави Ковачевски на вчера на прес-конференција од Гранада, Шпанија.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Гранада, тој изрази уверување дека доколку ги направиме потребните одлуки во текот на оваа година, не само што, како што кажа, „ќе го отвориме првиот кластер туку ќе бидеме во можност да затвориме едно или две поглавја од првиот кластер од Преговарачката рамка“.

Ние претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безб

Според него, многу е важно што овој самит на ЕПЗ се случува ден пред неформалниот Совет на ЕУ, на кој присуствуваат лидерите на сите земји членки на ЕУ, со сите други земји од Европа и на состанокот кој се одржува денеска исто во Гранада на кој лидерите од ЕУ ќе започнат дискусии за приоритетите на Унијата во следните години, односно ќе дискутираат со цел да ја подготват стратешката агенда на ЕУ за годините кои следат.

-По нашите дискусии денес, тие утре ќе разговараат за проширувањето како стратешка определба на ЕУ, како и за внатрешната реформа во насока на тоа проширување, односно за реформа која ќе овозможи Унијата да фунцкионира со нови земји членки кои ќе пристапат во периодот пред нас до 2030 година. Оттука, за нас како земја, но и за целиот регион на Западен Балкан, Европската политичка заедница како платформа е исклучително значајна. По самитот во Кишињев и првиот кој се одржа во Прага, денес овде во Гранада, повторно имаме можност и ние и останатите земји кои се дел од процесот на пристапување, да се вклучиме во дел од тие разговори денес и тоа преку учество на работни маси и билатерални средби на маргините на овој самит со премиерите на другите држави, рече вчера Ковачевски.

Истакна дека со билатералните средби со премиерот на Ирска, Лео Варадкар, со премиерот на Холандија, Марк Руте и со премиерот на Шпанија Педро Санчез, разговарале за динамиката на скрининг процесот кој Северна Македонија го има со ЕУ, кој се одвива одлично.

На маргините на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со домаќинот на Самитот, шпанскиот премиер Педро Санчез, при што разменија ми
Како клучни пораки од денешните состаноци ги посочи дека Европа успеала да покаже дека само со заедничка работа можат да се остварат и визијата за мир, стабилност, обединетост и просперитет на европскиот континент без разлика дали земјите се членки на ЕУ или се земји кандидати за членство во ЕУ кои наскоро ќе станат земји членки.

-Потоа, дека ние сме поврзани и географски меѓутоа и вредносно и историски на овој контитент и дека делиме заеднички вредности, дека мора да се воспостави заедничка безбедносна архитектура за европскиот контитент да живее во мир, слобода и просперитет. И секако дека Европа отсекогаш била една од центрите односно била континент на иновации и континент на нови процеси кои се одвиваат во светот, дека има огромен потенцијал и дека со заедничка работа ќе може да се придонесе и за развој на бизнисот и за развој на животниот стандард на европскиот контитент. И секако дека проширувањето останува високо на агендата на ЕУ за што утре ќе има и конкретен состанок на лидерите на ЕУ на неформалниот состанок на Европскиот совет, додаде Ковачевски.

Истакна дека таму ќе се разговара за внатрешните реформи кои ЕУ треба да ги направи со кои ќе биде во можност да апсорбира нови земји членки во ЕУ, бидејќи не е исто доколку ЕУ работи со 27 земји членки во однос на она што би било доколку има 32, 33 земји членки во ЕУ во делот на нејзиното функционирање.

Ковачевски во Гранада учествуваше на пленарната сесија посветена на дигитализацијата и вештачката интелигенција, а имаше и повеќе билатерални средби, меѓу кои со премиерите на Холандија, Ирска и Шпанија.

Тој, заедно со премиерите на Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Лихтенштајн, Хрватска, Албанија и претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, разговараа на тркалезна маса за улогата на вештачката интелигенција како основа за идни иновации и развој на европскиот континент, дигиталната инфраструктура, улогата на социјалните мрежи и потребата од регулирање на нивната работа.

Лидерите ја потврдија потребата и итноста Европа да ги удвои напорите со цел да обезбеди лидерство во сите процесите врзани со истражувачката дејност и останатите активности кои ќе обезбедат развој на вештачката интелигенција. Тие воедно повикаа на здружување на силите на национално ниво во формирање на специфичен, европски пристап и иницијативи во развој на стандарди кои ќе бидат компетитивни на светскиот пазар.

Третиот состанок на Европската политичка заедница, заврши со вечера кај шпанскиот крал, во Алхамбрата во Гранада. 

Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија на Самитот, а потоа со лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн,  Бугарија и Албанија, како и Европската

Гранада неделава е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската вчера беше домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), а денеска на неформалниот Совет на ЕУ. Состанокот на ЕПЦ, како и денешниот неформален Самит на ЕУ во Гранада, се одржуваат во клучен момент за иднината на Европа од геополитичка гледна точка со фокус на стратешки прашања, пред се на идните предизвици за регионот.

Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза.

Првиот самит на европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година, вториот во Прага, во Чешка, а следниот треба да се одржи во Обединетото Кралство. аа/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан