• среда, 25 декември 2024

Ветеринарна комора повикува на смиреност и општествена одговорност, ИЈЗ со препораки до граѓаните за заштита по појавата на птичји грип

Ветеринарна комора повикува на смиреност и општествена одговорност, ИЈЗ со препораки до граѓаните за заштита по појавата на птичји грип

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна комора, повикуваат на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, порачувајќи дека “нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата“

Од Ветеринарната комора, вчера информираа дека „во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани“ и нагласуваат дека „процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози - болести што од животни преминуваат на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат“.

Повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јав

- Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштение од Ветеринарната комора.

Од Ветеринарната комора, исто така, потенцираат дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија.

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните – за заштита се препорачува да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.

- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. 

- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

- Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з

Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина. Две лица, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип.

- На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. аа/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан