Ретро-шоу на олдтајмери во Крива Паланка
- Љубителите на старите атрактивни автомобили имаа можат да уживаат во овој ретро авто-собир на повеќе од 30 автомобили, стари и над 40 години, од моделите на „мерцедес“, „опел“, „шевролет“ и други.
Крива Паланка, 4 мај 2024 (МИА) - На централниот градски плоштад во Крива Паланка, денеска се одржа претпразнично меѓународно ретро-шоу на автомобили од олдтајмер клубови и љубители на возила.
Љубителите на старите атрактивни автомобили имаа можат да уживаат во овој ретро авто-собир на повеќе од 30 автомобили, стари и над 40 години, од моделите на „мерцедес“, „опел“, „шевролет“ и други.
- Ретро-шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со клубот „Олдтајмер витези“ од Куманово, а учествуваа повеќе олдтајмер клубови од земјава и соседството. По стартна позиција на влезот на градот, старата класа возила од минатиот век обележани со симболите на „Крива Паланка - Град на културата“ продефилираа низ централното градско подрачје, сѐ до градскиот плоштад, каде беа изложени два часа и беа вистинска атракција за жителите на градот и посетителите, особено поради фактот што ваков тип шоу за првпат се организира во Крива Паланка, информира Службата за комуникација со јавност во локалната самоуправа.
Настанот беше надополнет со настап на диџеј Буѓо, а присутните имаа можност одблиску да се запознаат со ретките примероци олдтајмери, нивната приказна, историјата и да уживаат во специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
По ревијата на плоштадот, караванот олтајмери се упати кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, каде возилата ќе бидат изложени на паркингот над манастирскиот комплекс.
Ретро-шоуто на олтајмер автомобили се одржа како дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата 2024 година“. ид/бд/
Фото: Општина Крива Паланка / Фејсбук