• среда, 27 ноември 2024

Прехранбените производи од утре без гарантирана цена

Прехранбените производи од утре без гарантирана цена

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините,...,  дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот. Институциите најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, се уште не е изгласан. 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни.Тој повика да реагираат Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачи и повтори дека најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики. 

-Замрзнувањето на цената  е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува на бизнисмените да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од заутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цените коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика, соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, изјави Битиќи.

Министерството за економија веќе се изјасни дека нема да биде продолжена мерката за гарантирана цена. Очекува со законот за нефер трговски практики, што по скратена постапка е во собраниска процедура и ја помина првата фаза во комисиите,  да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

-Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши за МИА.

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по

Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре. 

Одлуката се однесуваше на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);  традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто. 

Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од стра

Институтот за економски истражувања и анализи Фајнанс тинк, во последниот Бриф за политиките "Ефективни и/или скапи? Дали владините мерки за справување со кризата со цените на храната и енергијата ги заштитија граѓаните?", наведува дека е неопходно да се размислува за замена на нетаргетирана мерка за замрзнати цени на основните прехранбени производи со друг контингент мерки, зависно од проблемите што евентуално се присутни на терен.

-Ако постои нефер договарање за цените на прехранбените производи, во услови кога растот на цените на инпутите во производиот процес или на цените од увоз е значајно намален, а кај некои производи дури и негативен, тогаш треба да се впрегнат механизмите на антимонополското законодавство, вклучително и со законско проширување на надлежностите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, покажува анализата на „Фајнанс тинк“.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари во однос на јануари 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто, а на цените на мало  од 2,8 отсто. 

Пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари, од кои 21.219 денари се потребни за храна, а потоа следуваат режиските трошоци - плаќање вода, електрична енергија и греење. Минималните трошоци на едно семејство во февруари годинава се зголемени за 313 денари во однос на јануари. лв/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан