• четврток, 26 декември 2024

Ретклиф: Ова е почеток на враќањето на Манчестер јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал

Ретклиф: Ова е почеток на враќањето на Манчестер јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал

Манчестер, 21 февруари 2024 (МИА) - Англискиот бизнисмен Џим Ретклиф, купувањето на 27 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, го смета за почеток кон враќањето на неговиот тим на победнички патеки.

- Да се ​​стане косопственик на Манчестер јунајтед е голема чест и голема одговорност. Ова не само што го означува комплетирањето на договорот, туку и почетокот на нашето патување да го вратиме Манчестер Јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал со услови од светска класа за нашите навивачи. Од денес, работата за постигнување на овие цели ќе се забрза, изјави Ретклиф, за клупскиот сајт.

Седумдесет и едногодишниот Англичанец веќе инвестираше 200 милиони долари во Манчестер јунајтед, а најави влог од уште 100 милиони долари пред крајот на годината. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан