• среда, 25 декември 2024

Ретклиф: Ми се допаѓа Тен Хаг, но не одлучувам јас

Ретклиф: Ми се допаѓа Тен Хаг, но не одлучувам јас

Манчестер, 4 октомври 2024 (МИА) - Еден од косопствениците на Манчестер Јунајтед - Сер Џим Ретклиф, чиј тим ги презеде фудбалските работи во клубот, даде интересен одговор на прашањето дали се уште има доверба во менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг.

Милијардерот рече дека му се допаѓа Холанѓанецот, но одлуката дали ќе остане на „Олд Трафорд“ не е негова, туку на директорите Омар Берада и Ден Ешворт.

-Не сакам да одговорам на тоа прашање. Ми се допаѓа Ерик. Мислам дека тој е многу добар тренер, но на крајот на денот тоа не е моја одлука. Менаџерскиот тим што го води Манчестер Јунајтед треба да одлучи како најдобро да го води тимот, имајќи предвид многу различни аспекти. Овој тим, кој го води Манчестер Јунајтед, работи заедно од јуни или јули. Тие не биле во клубот од јануари, февруари, март или април. Омар Берада и Ден Ешворт пристигнаа во јули. Тие работат тука буквално со недели, па треба да направат сметка и да донесат некои паметни одлуки. Нашата цел е многу јасна - сакаме да го вратиме Манчестер Јунајтед онаму каде што треба да биде, а сè уште не е. ТТоа е сосема јасно, изјави Сер Џим Ретклиф за Би-Би-Си. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан