• недела, 28 јули 2024

Реставрирана витрина со барски птици во Музејот во Струга

Реставрирана витрина со барски птици во Музејот во Струга

Струга, 13 февруари 2023 (МИА) - Диорама со четири барски птици, дел од природонаучната збирка во струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ оштетена од влага, е целосно реставрирана и преуредена.

Васко Јолески, самостоен препаратор во Музејот, кој се грижи за музејската збирка, појасни дека целосно ја растурил изложбената витрина, ја исчистил влагата, а потоа соодветно ја истретирал.

- Поради нагризување од влага на една од витрините со птици, целосно ја растурив диорамата и ја исчистив влагата. Променив дел од материјалите, мовта ја заменив со песок, кој не држи влага, истакна Јолески.

Според него, било интервенирано и со хемикалии, кои се дозволени со ЕУ-стандардите, а потоа птиците биле вратени внатре. На посетителите, нагласи, повторно им е доловено природното живеалиште на четирите барски птици. сс/хс/

Остани поврзан