Ресенчанец пронашол граната од Првата светска војна
- Ресенчанец пронашол граната што потекнува од Првата светска војна, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Гранатата е пронајдена кај бензинската пумпа во селото Сливница.
![Ресенчанец пронашол граната од Првата светска војна](https://new.mia.mk/index.php/images/20230902121304_big_730x400_38.webp )
Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Ресенчанец пронашол граната што потекнува од Првата светска војна, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Гранатата е пронајдена кај бензинската пумпа во селото Сливница.
- Во Полициската станица Ресен, 41-годишниот З.Ч. вчера во 14:30 часот пријавил дека кај бензинска пумпа во селото Сливница пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната со калибар 75 милиметри, што потекнува од Првата светска војна, се наведува во соопштението од МВР. бд/бак/
Фото: Архива