• сабота, 28 декември 2024

Републиканците поднесуваат тужби за изборни нерегуларности

Републиканците поднесуваат тужби за изборни нерегуларности
Вашингтон, 11 ноември 2020 (МИА) - Изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе покренат судска постапка за прекинување на процесот за проверка на изборните резултати во сојузната држава Мичиген. Републиканскиот правен советник Мет Морган изјави дека од судот било побарано да ја прекине верификацијата на изборните резултати во Мичиген се додека не се утврди со сигурност дека гласањето е спроведено во согласност со законот. Во исто време, демократите соопштија дека еден наводен сведок на „подесување“ на изборните резултати во државата Пенсилванија ги повлекол обвинувањата. Трамп во неколку наврати тврдеше дека изборите биле проследени со бројни незаконитости, а правните експерти проценуваат дека неговите тврдења имаат мал потенцијал за промена на резултатот од изборите. паг/

Остани поврзан