• четврток, 19 декември 2024

Републиканците подготвуваат антиимигрантски протести на граничните премини со Мексико и во Тексас 

Републиканците подготвуваат антиимигрантски протести на граничните премини со Мексико и во Тексас 

Вашингтон, 30 јануари 2024 (МИА) - Тензиите меѓу републиканците и Белата куќа околу кризата на границата се зголемуваат откако поголем конвој возила тргна синоќа од Норфолк, Вирџинија до граничниот премин Игл пас на американско-мексиканската граница да протестираат против имиграциската политика на претседателот Џо Бајден. Протестите се одвиваат под мотото „Вратете ни ја границата“.

Организаторите посочија дека на конвојот ќе се придружат до 40.000 автобуси, камиони и други возила „од целата земја и од Канада“.

Ова е дел од напорите на конгресните републиканци, повикани од поранешниот претседател Донлад Трамп, да не брзаат со усвојувањето на законот за финансирање на безбедноста на границата за да му направат политичка штета на Бајден пред изборите. Трамп и демократот Бајден се најверојатните противкандидати кои ќе се борат за реизбор на претседател на САД годинава во ноември.

Усвојувањето на воената помош за Украина и Израел е повразно со решавањето на безбедноста на границата, каде во изминативе месеци пристигаа илјадници имиграни од Јужна Америка. Републиканците сметаат дека ове е резултат на политиката на „отворени граници“ воведена од Бајден на почетокот на неговото претседателство.

Претседателот викендов изјави дека е сериозен во намерата да се реши кризата на границата и е подготвен да ја затвори ако Конгресот ја одобри помошта за Украина. Но републиканците од двата дома на Конгресот засега остануваа неми на неговите повици.

Важен играч во овој конфликт е гувернерот на Тексас Грег Абот, кој презема строги независни антиимигрантски политики како изградба на бариери со бодликава жица. Вашингтон протестираше за ова со повик дека границите на САД се во надлежност на федералната влада не на државите.

Во врска со ова, Врховниот суд на САД минатата недела пресуди дека федерални погранични агенти можат да ја отстранат жицата на Абот, што предизвика протести од гувернерот и некои републикаци и сѐ погласни повици од демократите претседателот да ја федерализира Националната гарда на Тексас.

Во меѓувреме, конвојот се движи кон границата и протести се подготвуваат на граничните премини Сан Исидро во Калифорнија, Игл Пас во Тексас и Јума во Аризона. Тие ќе поминат низ југоисточниот дел на САД и ќе се придружат на протести во Тексас најавени викендов.

Дел од политичките коментатори сметаат дека сите овие акции се дел од изборната кампања на Трамп која е засноава на антимигрантски повици, тендециозни коментари против доселениците и расизам. кб/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан