• среда, 25 декември 2024

Републиканците го номинираа Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом

Републиканците го номинираа Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом

Вашингтон, 14 октомври 2023 (МИА) -  Претседателот на Комитетот за правосудство во американскиот Конгрес, Џим Џордан, еден од републиканските „трамписти“, вчера беше номиниран за функцијата претседател на Претставничкиот дом, откако победи на интерното гласање меѓу републиканците, објавија партиските лидери.

Џордан со тајно гласање го победи Остин Скот, кој, исто така, припаѓа на тврдото крило на партијата. Џордан доби 124 гласа, а неговиот противкандидат 81.

Долниот дом на Конгресот е парализиран веќе 10 дена поради досегашните неуспешни напори да се избере „спикер“ кој би го наследи Кевин Мекарти. Некои републиканци велат дека нивните проблеми се подлабоки од недостатокот на лидерство.

-Има недостиг на доверба. Недостаток на транспарентност, кажа конгресменот Кат Камак. „Треба да се справиме со тоа пред да дојдеме до претседател на Домот“.

Следниот тест на Џордан е дали може да добие 217 гласови од целиот Претставнички дом, вклучувајќи ги и демократите.

Пратеникот Стив Скализ, кој пред Јордан беше номиниран од републиканците за следен претседател на Претставничкиот дом на САД, пред два дена се откажа од трката за лидер на републиканците во Долниот дом, бидејќи партијата не успеа да ги реши внатрешните поделби. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан