• недела, 28 јули 2024

Републиканецот Јангкин избран за гувернер на Вирџинија

Републиканецот Јангкин избран за гувернер на Вирџинија
Вашингтон, 3 ноември 2021 (МИА) - Републиканецот Глен Јангкин денеска победи на изворите за гувернер на Вирџинија. Тој го победи досегашниот гувернер Тери Меколиф. Јангкин е поранешен извршен директор на приватна компанија и досега не извршувал јавни функции. Во исто време, врз основа на 80 отсто преброени гласови и републиканецот Џек Чатарели има мало водство во трката за гувернер на Њу Џерси против досегашниот гувернер, демократот Фил Марфи. Исходот од изборите за гувернер се перципира како показател за изборите за Конгресот, што треба да се одржат во 2022 година. Тие ќе одлучуваат кој ќе ја има контролата во американскиот Конгрес, а со тоа и врз политичката програма на претседателот Џо Бајден. ми/  

Остани поврзан