• четврток, 26 декември 2024

Реприза на „Норма“ вечер на Мајските оперски вечери

Реприза на „Норма“ вечер на Мајските оперски вечери
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Во рамки на јубилејното, 50. издание на Мајските оперски вечери, вечер во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет репризно ќе биде изведена операта „Норма“ од Виченцо Белини. Во „Норма“ настапува екипа од Италија, Србија и домашни солисти. Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер Ренато Бонајуто. Во главната, насловна улога настапува првенката на НОБ, Благица Поптомова, Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, а овој пат во улогата на Адалџиза ќе се претстави Николина Јаневска. Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска. На програмата на овогодинешното јубилејно издание на реномираниот оперски фестивал се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, а во оф-програмата е балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално, манифестацијата ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди. вг/лв/

Остани поврзан