• четврток, 26 декември 2024

Репрезентативниот голман на БиХ ја засили Каменица Саса

Репрезентативниот голман на БиХ ја засили Каменица Саса
Македонска Каменица, 1 јули 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Каменица Саса се засили пред стартот на новата сезона во домашното првенство и настапот во Лигата на шампиони со репрезентативниот голман на БиХ, Јелена Гвоздерац. Босанската репрезентативка доаѓа од редовите на Борац Бања Лука, а со Каменица Саса, како што е соопштено денеска, потпиша едногодишен договор. Македонскиот првак утре попладне со жрепка во Нион ќе го дознае противникот во 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони. Елитното женско клупско натпреварување, кое од оваа сезона ќе се игра во нов формат со групна фаза, стартува на 18 август. ег/цр

Остани поврзан