• среда, 25 декември 2024

„Репортери без граници“ бараат од Бајден да направи план за евакуација на авганистанските новинари

„Репортери без граници“ бараат од Бајден да направи план за евакуација на авганистанските новинари
Њујорк, 21 август 2021 (МИА) - „Репортери без граници“ побараа од американскиот претседател Џо Бајден да развие специјален план за евакуација на авганистанските новинари, се наведува во денешното соопштение. Заедно со новинарите од Авганистан треба да бидат евакуирани и бранителите на човековите права, се наведува во документот, во кој се нагласува дека „спроведувањето на плановите за евакуација изработени од други земји, особено од европските земји, е сериозно попречено од ограничениот пристап на луѓето до авионите“. -Добиваме десетици барања за итна евакуација. Проблемот за нас не е добивањето визи за новинарите или место во авионите. Проблемот е обезбедување пристап до овие авиони, изјави првиот човек на „Репортери без граници“,  Кристоф Делоар. Организацијата смета дека треба да се развијат специјални мерки за да се олесни пристапот на новинарите и бранителите на човековите права до авионите, како и мерки за проверка на нивниот идентитет. За таа цел, мора да се создаде „хуманитарен коридор и зони во кои тие же бидат безбедни“. Меѓународната новинарска организација го повика Бајден да го одложи конечното повлекување на американските војници од Авганистан за да ги обезбеди горенаведените мерки. „До планираниот датум за повлекување, на 31 август, невозможно е да се заврши евакуацијата на загрозените луѓе, особено авганистанските новинари“, се додава во соопштението. -Сликата за САД како заштитник на слободата на печатот и човековите права ќе зависи од натамошните случувања во оваа област, предупреди Кристоф Делоар.сд/

Остани поврзан