• среда, 25 декември 2024

Реонски пазар, уредени улици и зелени површини најави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Михајловски

Реонски пазар, уредени улици и зелени површини најави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово, Михајловски
Куманово, 2 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Куманово Тони Михајловски и локалните тимови денеска ги  посетија граѓаните од населбата Карпош и ветија повеќе проекти за обнова на инфраструктурата. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за населбата е предвидено изградба на детска градинка, спортски игралишта детски катчиња.
-Нашите тимови со Тони Михајловски и кандидатите за советници ја побаравме поддршката од граѓаните на населба Карпош. Едногласен заеднички заклучок со граѓаните е дека е тотално заборавена населба, објавуваат од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Во програмата за изборите во оваа населба е предвидено зголемување на зелени површини со маалски паркови, обнова и димензионирање на ефикасна атмосферска, канализациска и водоводна мрежа, уредување на корито на бара и изградба на шеталиште од крстосницата на улица „40“ со улица „1“ до пошта, асфалтирање и поставување на бекатон плочки на улиците, изградба на велосипедски патеки на улица „100“, преземање и одржување на гробиштата од страна на ЈП „Зеленило и чистота“ и реонски пазар. ам/мд/

Остани поврзан