• среда, 27 ноември 2024

Ренци: Мелони ми е ривал, а дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест

Ренци: Мелони ми е ривал, а дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест
Рим, 27 септември 2022 (МИА) - Мелони ми е ривал, ние ќе продолжиме да се бориме меѓусебно, но, идејата дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест, рече поранешниот италијански премиер матео Ренци. Лидерот на „Италија вива“ ова го изјави во интервју за Си-ен-ен од Токио, каде присуствуваше на погребот на поранешниот јапонски премиер Абе Шинѕо. - Ние во Италија, за жал, го менуваме премиерот речиси секоја година. Ние треба да ги смениме правилата за да обезбедиме стабилност. Јас бев против Џорџа Мелони, ние израснавме заедно во политиката, но сме, и секогаш ќе бидеме ривали. Истовремено, сметам дека таа не е опасност за италијанската демократија, додаде Ренци коментирајќи го исходот од изборите. Италијанската крајнодесничарска партија „Браќа на Италија“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Парламентот, покажаа конечните изборни резултати објавени денеска. бд/јт/

Остани поврзан