• среда, 25 декември 2024

Реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат - ехосонограф

Реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат - ехосонограф

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти, се реновирани на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета на Клиниката за детски болести, информираше дека е комплетно реновирана невролошката амбуланта.

- Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат - ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој  овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.

Министерот дополни дека се надева да обезбедат уште еден електроенцефолограф и еден електромиограф.

Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти. ар/
Фото: Министерство за здравство 


Остани поврзан