• четврток, 26 декември 2024

Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа

Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа
Тетово, 17 септември 2020 (МИА) - Екипата на Ренова денска го заврши својот настап во второто квалификациско за пласман во Лигата на Европа, откако доживеа пораз во Тетово со минимални 0:1 од Хајдук Сплит. Мијо Чакташ го постигна единствениот гол на натпреварот уште на самиот старт по центаршутот на Жаиро. Тетовци имаа свои шанси, но не ги искористија и се простуваат од евротурнирите за оваа сезона. Хајдук во третото коло ќе игра со победникот од дуелот меѓу Нефчи и Галатасарај.

Тагови

Остани поврзан