• сабота, 09 ноември 2024

РЕМ ги повика телевизиите да ги затемнат екраните на годишнината од убиствата во Рибникар, Дубона и Мали Орашје

РЕМ ги повика телевизиите да ги затемнат екраните на годишнината од убиствата во Рибникар, Дубона и Мали Орашје

Белград, 2 мај 2024 (МИА) - Српското Регулаторно тело за електронски медиуми ги повика давателите на медиумски услуги да ги затемнат екраните на годишнините од масовните убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје, односно да ја прекинат програмата на една минута со текстот „3. и 4 мај 2023. Се сеќаваме“.

Регулаторното тело ги повика медиумите да ја прекинат програмата на 3 мај во 08:41 часот и на 4 мај во 22:32 часот.

Тие ги повикаа уредниците, новинарите и другите медиумски работници да придонесат за достоинствено одбележување на првата годишнина од масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“, почитувајќи ги професионалните и етичките стандарди на новинарството во известувањето. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

 

Остани поврзан