Релево: Реал не сака да го отпушти Анчелоти сред сезона, но ќе го стори тоа доколку резултатите не се подобрат
- Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти може да биде изложен на ризик да добие отказ, објави „Relevo“.
Мадрид, 6 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти може да биде изложен на ризик да добие отказ, објави „Relevo“.
Во 4. коло од Лигата на шампионите, Реал синоќа беше поразен од Милан (1:3) на домашен терен. Во Шпанското фудбалско првенство мадридскиот клуб е втор со 24 бода по 11 кола.
Според „Релево“ раководството на Реал не сака да го отпушти тренерот на средина од сезоната, но не исклучува дека Италијанецот може да ја загуби позицијата доколку резултатите на тимот не се подобрат во блиска иднина.
Во Реал се загрижено за ситуацијата со Џуд Белингем, кој игра на различни позиции и не е толку блескав како минатата сезона. На управата на клубот исто така не и е јасно зошто Арда Ѓулер и Ендрик добиваат минутажа.
На 9 ноември Мадрид ќе ја пречека Осасуна во 13. коло од Ла Лига. зс/
Фото: ЕПА