• петок, 26 јули 2024

РЕК Битола работи со еден блок

РЕК Битола работи со еден блок

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Комбинатот РЕК Битола попладнево работи само со еден блок -Блокот 3, откако поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја останал Блокот 1, соопштија од ЕСМ.

-Попладнево, околу 16:45 часот заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1, наведуваат од ЕСМ.

Воедно, потсетуваат дека на Блок 2 во тек се ремонтни активности. вг/цр

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан