• среда, 25 декември 2024

Рекордно мал број убиства во Меделин - царството на наркотиците

Рекордно мал број убиства во Меделин - царството на наркотиците
Меделин, 2 април 2020 (МИА) - Колумбискиот град Меделин важи за царство на наркодилерите и зависниците од дрога. Но, родното место на неславниот Пабло Ескобар, во март бележи рекордно ниска стапка на убиства. Причина за тоа, најверојатно, е корона-кризата, соопштуваат властите. Во градот минатиот месец биле убиени вкупно 18 лица. Вкупниот број убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 отсто во однос на истиот период лани. - Овие бројки се историски. Не можеме да негираме дека изолацијата поради пандемијата има и позитивни последици, вклучително и намалувањето на криминалот, изјави Хозе Херардо Ацеведо, претставник на градските власти. Ескобар го создал картелот за наркотици во Меделин во 1980-тите. Самиот тој се смета за одговорен за најмногу 6.000 убиени луѓе до конечниот судир со полицијата 1993 година. Но, и по неговата смрт, властите постојано се борат со доминацијата на картелите во градот.  си/сд/

Остани поврзан