• четврток, 19 декември 2024

Рекордни 835 новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Рекордни 835 новозаразени со Ковид-19 во Албанија
Тирана, 29 ноември 2020 (МИА) - Нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќе, кога и процентот на заразени од направените тестови е највисок. Според Министерството за здравство и социјална заштита направени се 2.253 тестирања, при што опасниот вирус е дијагностциран кај 835 лица, што е 37 отсто од тестираните. -Во измнатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 329, додека битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, сите во болнички услови. Зголемен е бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Во трите ковид болници се третираат 482 пацента, што е највисока бројка до сега, информираше министертвото. Нов кластер станува полицијата, каде со денес рeгистрираните нови случаи на заразени и починат еден полициски инпектор во Елбасан, бројот на заразени се зголеми на над 400, а на почнати 11. Од почетокот на март, кога во земјата беа регистрани првите случаи, направени се 188.496 тестови, со позитивен резултат биле 37.625, закрепнале 18.481, а битката со вирусот ја изгубиле 798 лица. Во меѓувреме по средбата со познати експерти од оваа област, претседателот Илир Мета побара од министртвото под итно зголемување на бројот тестовите на дневно ниво, отпочнувње со брзи тестови и отворање на четвртата ковид болница и ковид центри во сите 12 регионалн болници.вт/сд/

Остани поврзан