• недела, 28 јули 2024

Рекордни 38 поени на Букер сезонава за триумф на Феникс против Атланта

Рекордни 38 поени на Букер сезонава за триумф на Феникс против Атланта
Феникс, 7 ноември 2021 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер, ноќеска го предводеше својот тим до победа над Атланта (121:117). Букер постигна рекордни 38 поени за него оваа сезона. За 34 минути игра тој реализираше 14 од 21 удари од поле, а исто така забележа шест скока и четири асистенции. Феникс со биланс пет победи и три порази е на четвртото место во Западната конференција. На другите натпревари во НБА-лигата одиграни ноќта сабота кон недела постигнати се следниве резултати: Мајами – Јута 118:115 Чикаго – Филаделфија 105:114 Далас – Бостон 107:104 Портланд – Лос Анџелес лејкерс 105:90. зс/

Остани поврзан