• сабота, 27 јули 2024

Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК.

- Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош - 17,61 процент, a кон пожарникарите - 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан