• четврток, 26 декември 2024

Рекорден раст на новозаразени со коронавирус во Сиднеј

Рекорден раст на новозаразени со коронавирус во Сиднеј
Сиднеј, 29 јули 2021 (МИА) - Најголемиот град во Австралија, Сиднеј, забележа рекорден дневен раст на нови инфекции со коронавирус. Во последните 24 часа, регистрирани се 239 нови случаи - највисок број од почетокот на пандемијата. Главната причина за комплицираната епидемиска ситуација е новата, Делта варијанта на вирусот. Поради таа причина, австралиските власти ги зголемија овластувањата на полицијата, што им овозможува да ги затвораат продавниците што не работат во согласност со анти-епидемиските мерки. Повеќе од два милиони жители во осум жаришта во Сиднеј сега ќе треба да носат маски на отворено и не смеат да бидат повеќе од 5 километри оддалечени од своите домови. Сиднеј е во петтата недела од продолжената деветнеделна блокада, која треба да заврши на 28 август. Сепак, продолжува ширењето на многу заразна варијанта Делта, јавија локалните медиуми. Еден ден порано, државата Нов Јужен Велс информираше за вкупно 177 нови случаи на коронавирус. Сиднеј, дом на една петтина од 25-те милиони жители на Австралија, се бори со најлошиот бран на пандемијата оваа година, продолжувајќи го заклучувањето за уште еден месец од вчера. Досега се идентификувани повеќе од 2.800 случаи, а 182 лица се хоспитализирани, 54 се на интензивна нега. Пријавени се два нови смртни случаи, со вкупно 13 смртни случаи во последниот бран. ссм/

Остани поврзан