• вторник, 24 декември 2024

Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по освојување на светската титула

Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по освојување на светската титула

Буенос Аирес, 17 март 2023 (МИА) – Над 1.5 милиони луѓе се обидоа да купат влезници за првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Аргентина откако ја освои титулата на неодамнешното Светското првенство во Катар.

Влезниците за пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Панама се распродадоа во рекорден рок и покрај високите цени во земјата која се соочува со раст на инфлацијата.

Натпреварот ќе се игра на 23 март на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, најголемиот во земјата, со капацитет од 83.000 седишта.

Влезниците се продаваа по цена од 59 до 241 долари, а за купување билети се пријавија повеќе од 1.55 милиона лица.

Претстојниот натпревар предизвика и незапамтена медиумска побарувачка со повеќе од 131.000 барања за акредитации.

„Би сакале да можевме сè да исполниме, но ќе ни беа потребни два стадиони на Ривер само за новинарите. Лудилото за Аргентина е апсолутно“, објави на Твитер претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија.

Панама ќе гостува во Буенос Аирес на првиот натпревар кој Аргентина ќе го одигра откако во декември лани ја совлада Франција во финалето на Мундијалот во Катар и ја освои светската титула по пауза од 36 години. ег/сд/

Остани поврзан