• четврток, 26 декември 2024

Рекорден број урагани во годинешната сезона на Атлантикот

Рекорден број урагани во годинешната сезона на Атлантикот
Талахеси, 10 ноември 2020 (МИА) - Во годинешната сезона на урагани на Атлантикот забележан е рекорден број именувани бури, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Тропската бура Ета е 29-та во оваа сезона на атлантски урагани, со што е урнат рекордот од 28 бури кој е забележан во 2005 година. Метеоролозите известуваат дека над Карипските Острови се формира уште еден систем, кој би можел да биде именуван во иднина. Особено опасните бури добиваат имиња со цел да се подигне јавната свест при нивниот удар. Сезоната на урагани трае од 1 јули до 30 ноември. Последната бура во годинешната сезона беше Ета, која ја погоди Флорида во текот на изминатиот викенд, причини значителна материјална штета и однесе човечки животи во Централна Америка. Ета се уште не прерасна во ураган, а моментно се движи во североисточен правец на јужниот дел од Европа. гт/

Остани поврзан