• среда, 18 декември 2024

Реконструкција на улици во велешката населба Превалец

Реконструкција на улици во велешката населба Превалец

Велес, 13 декември 2024 (МИА) - Градежните машини се активни на терен во населба Превалец  во Велес, каде е во тек реконструкција на дел од улица „Васил Антевски", дел од улица покрај фудбалското игралиште и дел од ул.„Ванчо Атанасов Ѓакот“. Градежните зафати завршуваат со поставување бетонски слој, информираат од Општина Велес.

Оттаму појаснуваат дека средствата се обезбедени од буџетот на Општина Велес за оваа 2024 година.

Од Општина Велес најавуваат дека во зависност од временските услови, градежните работи продолжуваат  и на останатите улици во градот и општината,а кои се предвидени во програмата за оваа година. ад/дма/

Фото: Општина Велес

 

Остани поврзан