• недела, 24 ноември 2024

Реконструкција на дел од улицата „Шарпланинска“ во Ѓорче Петров

Реконструкција на дел од улицата „Шарпланинска“ во Ѓорче Петров

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска го означија стартот на целосната реконструкција на крак во должина од 500 метри кој се поврзува со главната улица „Шарпланинска“ во населбата Даме Груев.

-Повеќе од 50 години воопшто не е интервенирано кај сервисната уличка. На барање на жителите на овој дел од Ѓорче Петров, општината веднаш излезе во пресрет, овозможувајќи целосна реконструкција на кракот, што ќе донесе соодветни услови за движење и сообраќање по улицата, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

- Жителите во наредниот период ќе бидат сведоци на нова градежна офанзива на улици и краци во Општина Ѓорче Петров, најави Стојкоски во изјава за медиумите.

Градоначалникот информираше дека во оваа фаза на реконструкцијата ќе бидат опфатени урбаниот и руралниот дел, односно делови од урбаните заедници Дексион и Мирче Ацев, како и населените места Волково, Хром и Никиштани.

-Ѓорче Петров мора да продолжи да се развива. Наш императив е подадената рака со граѓаните, додаде Стојкоски. дма/са/

Фото:Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан