• четврток, 26 декември 2024

Реконструкција на водоводна мрежа на улици во Куманово

Реконструкција на водоводна мрежа на улици во Куманово

Куманово, 3 ноември 2023 (МИА) - Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Јане Сандански“ во Куманово, информираа денеска од одделението за комунални дејности. Реконструкцијата е во годишната програма на општина Куманово, а следеше по реакција на граѓаните од оваа улица кои често се жалеа на дефекти на дотраената мрежа изградена пред неколку децении.

Како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки градежните активности на терен ги извршува компанија од Скопје, а од општинскиот буџет се одвоени над 1.865. 000 денари.

Од секторот најавија дека наскоро почнува и реконструкција на мрежата на улицата „Борис Кидрич“ за што веќе е распишан тендер, избрана е компанија. Од општината за оваа намена се одвоени скоро 3.565.000 милиони денари.

Летово, заврши реконструкцијата на водоводна мрежа на „Славиша Вајнер“.

Жителите на улиците од поширокото централно градско подрачје често се жалат на дефекти на дотраената водоводна мрежа изградена во педесетите, шеесеттите години од минатиот век. ам/цр

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан