• среда, 13 ноември 2024

Реконструиран објект „Пинокио“ на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје

Реконструиран објект „Пинокио“ на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Објектот „Пинокио“ клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје доби комплетно реконструиран кров, надворешни тераси и внатрешност на целиот објект.

- Во внатрешниот дел на објектот се реновирани занималните и ходниците, реконструиран е  дел од ентериерот, извршена е  замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направена е и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа, информираат од Општина Центар.

При посетата на градинката, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакнал дека квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите.

-Затоа работевме на обновување на кровната конструкција и во објектот „Пинокио“ со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата пособено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе придонесат за поквалитетен воспитно - образовен процес и зголемен комфор за децата, потенцирал Герасимовски.

Воедно покрај реконструкција на објектот,Општина Центар обезбеди и дидактички материјали за сите деца од градинката.

Од Општината  најавуваат дека и понатаму ќе продолжат  да работат  во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандарди. ад/дма/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан